Денеска променливо облачно, попладне можен е пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што информира УХМР, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), грмежи и засилен ветер.

Стабилизирање на времето ќе има во петок.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно и магла во котлините, од утре дожд и постудено

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Денеска облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски