Денеска променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.

И во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно и посвежо со сончеви периоди

Денеска облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени

Денеска облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда