Еден починат, потврдени 33 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка дијагностицирани е 1.572 лица

Од:

Денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 1572 лица. Оздравени се 22 пациенти, a почина едно лице, информираат од Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје – 2, Куманово – 6, Штип – 3, Прилеп – 7, Тетово – 1, Струга – 1, Кочани – 2.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 11, Куманово – 2, Штип – 1, Прилеп – 5, Тетово – 2, Велес – 9, Битола – 2, Крива Паланка – 1, информираат од Министерството за здравство.

Согласно ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Последната дистрибуција по градови е следна:

 Скопје – 526
 Куманово – 404
 Дебар – 51
 Штип-35
 Прилеп –167
 Тетово – 95
 Струга – 67
 Велес – 95
 Битола –22
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –17
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-6
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 31
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 2
 Делчево-1
 Валандово -1
 Виница – 2
 Кратово-1

Направените 332 теста се преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен ф-тет -17, Авицена –13, Биотек -22, Филип Втори (Жан Митрев) –19, Систина со PCR-метода -23 и МАНУ -20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на Ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19, соопштува МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски