Денеска облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Од:

Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).

Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд.

Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност утре и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²).

Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Утре и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.

Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Би можело да ве интересира

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Следните денови врнежи од дожд и посвежо