Денеска мирен собир на граѓаните пред Владата

Од:

Граѓаните од „Протестирам“ денеска, на вториот ден на жалост поради настраданите во Куманово, во 18:00 часот, ќе се упатат кон зградата на Владата со порака за мир и правда и ќе изразат сочуство за загинатите.

„Целта е да оддадеме почит на оние кои трагично го загубија својот живот во Куманово и да повикаме на одговорност. Ги охрабруваме граѓаните да постапат во моментот на жалост соодветно на своите традиции. Поради тоа што е ден на жалост, апелираме за мирно и достоинствено собирање. Борбата расте, борбата се проширува! Секој ден во 6 – повикуваат организаторите кои се здружија во граѓанско движење „Протестирам“.

Оттаму ги повикаа сите граѓани на Република Македонија кои не можат веќе да ја трпат неправдата, бедата и мрачните манипулации на власта, да им се приклучат, за заедно, во, како што велат, надетничкото, натпартиското и автентичното граѓанско движење за правда и мир.

„Најискрениот бран на самоорганизирано граѓанско незадоволство нема да запре! Ние веќе не чувствуваме страв, туку само гадење од авторитарната власт и нивните мрачни сценарија! Ние бараме мир и правда, а тоа може да се случи само ако тие си заминат! Веднаш! Токму затоа, нашите барања се: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и Влада за демократизација на институциите„ соопштуваат од движењето, кое доби и своја официјална Фејсбук-страница.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ