Денеска ќе се гласа и нов премиер и нова Влада?

Од:

По седницата во 17 часот, на која спикерот Трајко Вељаноски ќе ја констатира оставката на Никола Груевски од премиерската функција, според медиумите блиски до власта претседателот Ѓорге Иванов ќе го додели мандатот на партијата со најмногу гласови на последните парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ одлучи тоа да биде партискиот генерален секретар Емил Димитриевски.

Тој ќе треба да ги организира предвремените избори со новата Влада која, спред медиумите ќе биде гласана денеска до полноќ.

Владата се избира со 62 позитивни гласови од пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го поддржаа 24 април како ден за одржување на следните предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска