Денеска е Задушница, утре Духовден

Од:

Денеска е Задушница, утре е Духовден.

Задушница е празник посветен на душите на умрените, затоа од вчера попладне и денеска се оди на гробишта, се носи храна, а свештениците се молат за душите на покојните.

Се верува дека душите на покојните предци доаѓаат од оној свет кај своите најблиски, барајќи од нив храна, вода, но и за да ги видат.

Обичајот на гробишта е да се прочита молитвата, да се се осветат работите што се донесени, а потоа оние што дошле на гробот да каснат од пченицата и лепчето полиено со црвено вино.

Утре православната црква го празнува Духовден. Големината на овој празник е слегувањето на Светиот дух на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој чин на празникот Духовден се смета за основање на христијанската црква.

Во недела, на Духовден не се оди на гробишта. Тоа не е празник на мртвите, туку празник на Светиот дух и воспоставување на црквата на земјата.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите