Денеска е Преподобен Пимен Велики

Од:

Преподобен Пимен живееше во петтиот век. По род беше Египќанец. Монаштвото го засака уште како дете, па ги посетуваше големите старци и трудољубиво собираше од нив поуки, како што пчелата го собира медот од најубавите цветови.

Подоцна се замонаши, а по него се замонашија и неговите двајца браќа. Манастирот на овие тројца браќа, со кои раководеше најстариот од нив Анубиј, го имаше следниов типик: ноќта ја поминуваа четири часа во ракоделие, четири часа во спиење и четири часа во псалмодија; од утрото до пладне времето го поминуваа наизменично во работа и молитва; од пладне до вечерната читаа, а потоа го јадеа единствениот оброк за 24 часа, што обично се состоеше од зелје.

Секојдневно се смируваа еден пред друг. Така проживеа преподобниот Пимен до длабока старост и мирно се упокои во Господа.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите