Денеска во Прилеп гласаа 354 болни лица и 45 затвореници

Од:

Со гласање на затворениците и на болните и изнемоштени лица денес започнаа локалните избори во Прилеп. Тие први гласаа за избор на градоначалници и општински советници.

Од страна на претставниците на избирачките одбори во Прилеп се спроведе гласањето кај болните лица и кај затворениците, чиј број изнесува 399, или 354 болни лица, кои не можеа да дојдат до гласачките места и гласаа во нивните домови во присуство на членови од изборната комисија, и 45 лица што издржуваат казна затвор во КПУ Затвор-Прилеп.

Избирачкиот материјал пристигна навреме и беше дистрибуиран до сите избирачки места.

Останатите 63 032 гласачи,од вкупно 63 431, ќе можат да го остварат своето право на глас во текот на утрешниот ден на 132 избирачки места во Прилеп во периодот од 7 до 19 часот.

Оние граѓани што немаат лични карти, за нив можеа да аплицираат и денес. Во МВР шалтерите беа отворени до 16 часот.
 
А.Ш.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он