Денес во 12 часот, итна собраниска седница за поплавите

Од:

Собранието на Република Македонија, денеска во 12 часот ќе ја одржи 115.седница.

Осум дена по поплавите, пратениците ќе дискутираат за состојбата во поплавените подрачја во Скопско.

Одржување на оваа итна и неодложна собраниска седница е на барање на пратеничката група на СДСМ и опозицијата.

СДСМ предлага и конкретни заклучоци со мерки коишто треба веднаш да бидат преземени за да им се помогне на граѓаните.

Собранието, смета СДСМ, мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди.

СДСМ смета дека сега не е време за политика, сега е време за помош на граѓаните, на дело да ја покаже хуманоста.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции