Денес нов рекорд на заразени со Ковид-19, бројката се доближи до 2000

Од:

Денешната бројка на новозаразени со Ковид-19 ќе ги надмине рекордните 1725 нови случаи регистрирани на 6 јануари. Пресекот направен утрово покажал дека бројката се доближува до 2000 случаи велат здравствени извори за „А1он“.

Матичните лекари предупредуваат дека официјалната бројка е далеку од реалната оти на тестирање оди по еден член од семејство.

Ординациите на матичните лекари веќе втора недела се преполни пациенти, а термини за тестирање во јавното здравство нема. Пациентите за тест чекаат и по пет дена.

Дел од матичните лекари веќе се реорганизираат за да можат помош да им пружат и на пациентите со Ковид – 19 но и на оние кои не се заразени со овој вирус, па најавија дека ќе прегледуваат пациенти позитивни на Ковид – 19 само во вторник и четврток, а и во тие денови побраа пациентите да ги закажуваат прегледите.

Министерството за здравство, откако констатира дека сојот омикрон кај нас се шири со огромна брзина, не презеде ниту една мерка.

Од Министерството за здравство не одговорија на прашањата од „А1он“ дали ќе им понудат некаква помош на матичните лекари поради огромниот притисок што со овој сој падна врз нив. Во претходните бранови кога притисокот паѓаше на болниците, Министерството правеше планови за реорганизација, воведување смени и ротации за да им се излезе во пресрет и на пациентите но и на лекарите.

Институтот за јавно здравје утрово извести дека откако беше регистриран сојот омикрон за 41 отсто се зголемил бројот на хоспитализации во споредба со претходната недела и сега во болниците во државата има 351 пациент на болничко лекување.

Во овој бран и покрај огромниот скок на бројот на новозаразени уште на 4 јануари, Комисијата за заразни болести состанок има денес, а решенијата од состанокот и евентуалните предлози за нови мерки треба да бидат ставени на дневен ред на денешната владина седница.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска