А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дендиас во Скопје: Доаѓам во земја сојузник на Грција во НАТО, со поддршка и за ЕУ

by А1он26/11/2019 - 08:19242
Share0

Министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Дендиас, покрај со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Главни теми во разговорите ќе бидат европерспективата на Северна Македонија и регионот, билатералната соработка и Преспанскиот договор.

Како што соопшти МНР, предвидено е Димитров и Дендиас министри да оджрат тет-а-тет средба, по што ќе следуваат пленарни раговори помеѓу делегациите на двете министерства. Тема на разговор ќе бидат билатералните односи, политичката и економската соработка, како и европската перспектива на нашата земја и регионот. Исто така, предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји, во светло на имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор.

Дендиас во пресрет на посетата, во ексклузивна изјава за МИА вели дека доаѓа во земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО, со силна поддршка за нејзината евроинтеграција.

Посочува дека Грција работи на преземање конкретни иницијативи, со цел ЕУ да даде зелено светло за нашата земја, а притоа изразува поддршка за европската перспектива и на регионот, политика која, како што вели, преку Солунската агенда, Атина ја вовела во приоритетите на Европската Унија.

– Нашата поддршка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ, со цел колку што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во Унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Северна Македонија не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира и дека од страна на Грција ќе има силен поддржувач во овој нејзин обид, порачува Дендиас.

Доаѓа, вели, во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО“ и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во Европската Унија во не толку далечната иднина“. Се надева на конструктивни средби што ќе донесат резултати во корист на двете соседни држави, резултати видливи и за граѓаните. Со министерот Димитров, со кого веќе се сретнале неколку пати во изминатиот период, посочува дека имаат искрен однос на заемно почитување и меѓусебно разбирање и работат за суштинско зајакнување и продлабочување на билатералните односи во поширокиот спектар на области.

Во однос на Договорот од Преспа, шефот на грчката дипломатија порачува дека тој е обврзувачки и за двете земји и додава дека неговото целосно спроведување значи и дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на двата народи.

– Неговото почитување е предуслов за непречен европски тек на Северна Македонија и затоа треба целосно и доследно да се спроведе. Целосното спроведување значи напуштање на провокациите од минатото, значи консолидација на добрососедските односи и заемно почитување. Значи дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на нашите народи, истакнува Дендиас, кој денеска заедно со заменик-министерот за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис ќе престојува во еднодневна посета на Скопје.

grcijamnr

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски24/03/2026 - 13:2424/03/2026 - 13:24

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто