Дендиас: Ќе се обидеме да го олесниме решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија

Од:

Како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за „Јуроњуз“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија во интервјуто уште еднаш ја повторува поддршката на Грција за европската перспектива на регионот.

– По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Северна Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа, вели Дендиас.

На прашањето дали Грција би презела конкретни иницијативи, шефот на грчката дипломатија одговара дека „иницијатива е многу силен збор“ и додава дека тие се пријатели со сите и се обидуваат на сите да им помогнат.

– Но, повторно треба да кажам дека треба да ја гледаме големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија, истакнува министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Јуроњуз“.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк