Ден за високи гости на „Летниот кампус 2015“

Од:

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржи Ден за високи гости на „Летниот кампус 2015“, во чии рамки ќе биде реализирана вежба на која ќе биде претставен тактичко- борбениот тренинг со оклопни транспортери, медицински тренинг, урбани операции, тренинг со импровизирани експлозивни направи, медијација и преговарање, како и медиа тренинг.

Целта на летниот кампус, на кој учествуваат питомци и студенти од 10 земји, е да се запознаат со предизвиците на пост-конфликтните операции со кои тие може да се соочат во иднина. Летниот кампус, соопшти МО, дава уникатна можност за питомците, студентите и инструкторите да ги увидат предизвиците, ограничувањата во напорите за воспоставување на мир.

Би можело да ве интересира

Припадници на Баталјонот на специјални сили спасија тешко повреден алпинист од непристапен терен кај Демир Капија

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија