Ден за вискои гости на вежбата „Есенска бура-18” на АРМ и МВР

Од:

Министерите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, и началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор, Васко Ѓурчиновски, денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе присуствуваат на Денот за високи гости на здружената вежба за кризен менаџмент, „Есенска бура-18” на АРМ, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

На Денот за високи гости ќе присуствуваат и директори и раководители на институциите од кризниот менаџмент и Министерството за внатрешни работи, генерали на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници од ГШ на АРМ и МО, команданти на командите и единиците на АРМ и други гости.

Според програмата, ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки од кризниот менаџмент кои ги реализираа припадниците на АРМ и МВР, поддржани од ДЗС и ЦУК за време на вежбата „Есенска бура-18”.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба