Ден за набљудувачите во организација на ДЗС

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска во Центарот за обука на АРМ „Пепелиште“ организираше Ден за набљудувачите во рамки на вежбата MODEX 2017.

Главниот координатор на вежбата Андерс Бертлин информираше дека вежбата е дизајнирана за да им овозможи на тимовите да имаат реална слика за она што ги очекува кога одат во меѓународни мисии. Тоа, како што истакна, важи и за тимот за координација кој е составен од новите членови на ЕУ.

– Со самото барање помош, кога тимовите за координација ќе пристигнат во државата која е погодена од природни непогоди, преку тимот за координатори за вежбата, им даваме можност на сите тимови или единици кои ќе пристигнат во државата погодена од природна непогода да имаат можност за тренинг како е во реална ситуација. Да имаат поддршка од самите локални власти, од Министерството за здравство, МВР…, изјави Бертлин.

Информира дека трите тима кои пристигнале во Република Македонија се за давање медицинска помош на лица кои се зафатени од поплави. Овие тимови, како што рече, се да го стабилизираат човечкиот живот и подоцна да се предадат на властите кои се задолжени за здравствениот систем во Македонија.

– Ова е голем настан за Република Македонија бидејќи повеќе од 400 луѓе се дојдени за потребите на оваа вежба. Повеќе институции се вклучени, како Царинската управа, МВР, Министерството за здравство и останатите институции кои се дел од системот за заштита и спасување, изјави Бертлин.

Би можело да ве интересира

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он

Зголемени трошоците на живот во ноември

А1он

Раст од три проценти на македонската економија во третиот квартал

А1он

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта

А1он

ДЗС: Во некои од урбаните средини, интензитетот на попишување се зголемува

А1он

ДЗС: Попишувачите имаат специјални овластувања и брендирани маици со логото Попис 2021

А1он