Ден на жалост во Општина Кисела Вода поради смртта на Беличанец

Од:

Во Општина Кисела Вода денеска е Ден на жалост поради смртта на поранешната градоначалничка и актерка Билјана Беличанец.

Советот на Општината вчера со едноминутен молк ја почна вонредната седница свикана по повод смртта на Беличанец. Советниците едногласно донесоа одлука денешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината. Со одлуката се откажуваат сите културни, спортски, забавни и други манифестации.

Градоначалникот Филип Темелковски најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во „Билјана Беличанец“.

Беличанец (45) почина во неделата. Таа беше актерка во Драмскиот театар во Скопје и градоначалничка на Кисела Вода од 2013 до 2017.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода