Ден на училишни компании во СОУ “Кузман Јосифски -Питу“ во Прилеп

Од:

Денес во средното економско училиште „Кузман Јосифски-Питу“ се организираше Саем на училишни компании насловен како „ДЕН НА УЧИЛИШНИ КОМПАНИИ 2017“. Учениците од четврта година имаа можност да ги презентираат практичните знаења , вештини и способности, стекнати во текот на четиригодишното образование, преку виртуелни училишни компании.

Целта на саемот беше да се потикне и развие претприемничкиот дух и сопствената одлука за избор на дејност.

„Овој настан се случува по 9-ти пат во нашето училиште, токму поради тоа денеска и во наредниве два дена ќе продифилираат повеќе од 600 ученици од основните училишта кои ќе се запознаат со тоа како теоријата од наставата се применува во пракса, посочи Васко Гајтаноски директор на СОУ “Кузман Јосифски -Питу“.

Во рамките на часовите по практична настава во четврта година, учениците регистрират компанија, аплицираат за соодветно работно место, работа во сектори, тргуваат со други училишни компании, соработуваат со реални партнер фирми отука произлегува креативноста кај учениците, доаѓа до израз при изработката на рекламен материјал постери, каталози, флаери, визит карти …

„Денешниот саем е одличен пример да видат учениците како се формира приватен бизнис“,

„Имаме свој штанд на кој се претставуваме со наша банка и сакаме да Ве запознаеме со тоа како работи нашата банка“, посочија во своите изјави средношколците учесници на саемот.

Врвот на работењето во училишните компании претствува токму „Саемот на училишни компании“, на кој тргуваат посетителите и вработените по одредени правила.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај