Ден на руската дипломатија

Од:

Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот руски конзулат во Македонија денеска ќе го одбележат Денот на руската дипломатија со положување цвеќе пред споменикот Руски крст во градскиот парк во Битола.

– Церемонијата се одржува секоја година и, според старата традиција, создадена од руските дипломати кои работеле во Македонија, се одржува токму во Битола кај Рускиот крст. Споменикот е подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој во 1903 година исполнувајќи го својот службен долг загинал од раката на османлиски војник, соопшти Руската амбасада, додавајќи дека со овој настан им се оддава почит на сите дипломатски службеници кои загинале за време на исполнувањето на своите службени обврски.

Празникот на руската дипломатија е утврден со Указ од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин од 31 октомври 2002 година. Се слави на 10 февруари затоа што на тој ден во 1549 година е првото спомнување на „Посолскиот приказ“ односно прва надворешно-политичка служба на Русија.

На одбележувањето на Денот на руската дипломатија во Битола ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор и ќе се обратат рускиот амбасадор Олег Шчербак, почесниот руски конзул во Битола Сергеј Самсоненко и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Би можело да ве интересира

Руски МиГ-41 надвор од дофатот, ги надминува границите на самата физика

Ројтерс: Балтичките држави подготвуваат план во случај луѓето да бегаат од руските напади

Трамп: САД може да воведат дополнителни санкции против Русија

Москва останува без гориво

Шоф: Немаме докази, но мислиме дека Русите ги испратиле беспилотните летала

Финска најави царини за сите производи од Русија