А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ден на Охридското Езеро

by А1он21/06/2015 - 09:24110
Share0

Велосипедска трка околу Охридското Езеро, чистење на охридското крајбрежје, плажите, Љубаништа, Лагадин, Трпејца,… се дел од активностите со кои денеска ќе биде одбележан Денот на Охридското Езеро, 21 јуни.

Добивај вести на вибер

Целта на одбележувањето е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, но и да се покаже дека туризмот е базиран врз ендемизмот и еколошките услови што ги нуди охридскиот регион.

– Важно е колку е старо Охридското Езеро, но уште поважно е колку ние ќе го заштитиме, порача Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Воспоставувањето на Денот на езерото, пред 16 години, според Пановски, било пред се заради неговата важност, но и да се покаже дека и македонската и албанската страна се заедно во заштитата на езерото, институционално и легислативно преку транспонирање на програмите и директивите на Европската унија во законодавството на двете земји, дека имаме желба и капацитети да се грижиме за него и да се отвори една порта за соработка меѓу науката, технологијата и политичарите кои носат одлуки.

– Шеснаесет години подоцна можеме да кажеме дека во одредени делови сме успеале околу заштита на Охридското Езеро, но се соочуваме и со нови предизвици кои произлегоа овие години, пред се поради интересот за економски равзој на општините од двете страни. Предизвици кои од нас бараат дополнителни напори за да ја објасниме еколошката приказна дека овој регион треба да остане автохтон, да остане присутно она што е ендемично, бидејќи тоа е прикзната што можеме да ја продадеме за себеси и за сите што имаат интерес за Охрид. Охридскиот регион да остане една оаза, не заради УНЕСКО и признанијата од меѓународните организации, туку пред се заради нас. Или сами ќе се штитиме или никој нема да не заштити, нагласи Пановски.

Денот на Охридското Езеро се одбележува од 21 јуни 2000-та со различни активности, наизменично секоја година во трите езерски градови – Охрид, Струга и Поградец.

ohrid

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен