Во Маврово денеска ќе се одржи 10. Ден на одгледувачи на овци и кози. Учесниците ќе се натпреваруваат во молзење и стрижење овци, а ќе бидат организирани и изложба на овни од расата Овчеполска праменка, избор на најдобар приплодник, како и изложба на кучиња од расата Шарпланинец.
Во рамки на манифестацијата експерти ќе ги оценуваат традиционалните сирења произведени на фарма. Предвидена е и културно-забавна програма.
Денот на одгледувачи на овци и кози ќе го отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општината Маврово/Ростуше Мукрем Мехмеди.