Ден на бригадата за логистичка поддршка

Од:

По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) денеска во Командата лоцирана во продолжение на воено-медицинскиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје ќе се одржи свеченост.

Според програмата, по историскиот осврт за Денот на единицата, предвидено е доделување стимулативни мерки, а ќе биде прогласена и најдобрата екипа за одржаните спортски активности кои претходеа на одбележувањето на денот.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти на единицата и други  гости.

Со одлука на претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на АРМ, за Ден на брЛП е одреден 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година започнало Разловечкото востание.

Команда за логистичка поддршка е највисока единица од доменот на логистиката во АРМ, чија основна мисија е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он