Ден на бригадата за логистичка поддршка на АРМ

Од:

По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) денеска во командата лоцирана во продолжение на Општата Градска болница  „8-ми Септември“ ќе се одржи свеченост на која ќе присуствуваат заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Методија Величковски, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ и други високи гости.

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на брЛП е одреден 20-ти мај, како датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ. Со достигнувањето на оперативната готовност, стои во соопштението од МО, брЛП ги превзеде задачите и одговорностите на поранешната Команда за логистичка поддршка, со што прерасна во единица за целосна борбено-сервисна и логистичка поддршка на сите команди и единици на АРМ.

Основна мисија на брЛП е планирање, организација, координација и директно озвршување на логистичката поддршка на сите рамништа во АРМ. Главни задачи на брЛП се обезбедување на ефикасна логистичка поддршка во основните функционални области: снабдување, одржување и поправка, движење и транспорт, медицинска и ветеринарна поддршка и одржување на инфраструктурата.  Како највисока единица од доменот на логитиката во АРМ, обезбедува одржување на логистичките капацитети во мирновремени и борбени услови, како и координација на логистичката поддршка на сојузнички сили и за потребите на органите на управата и локалната самоуправа во Република Македонија. Потчинетите единици на брЛП се распоредени во сите гарнизони на АРМ, во чиј состав има мноштво на различни специјалности од доменот на логистичкото обезбедување.

Во чест на Денот на единицата деновиве беа одржани бројни спортски натпреварувања, хуманитарни акции и натпревар во различни специјалности во гарнизоните каде се лоцирани единиците на бригадата.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација