Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев со мобилниот тим денес оствари повеќе средби со граѓаните на Зелениот пазар, во автобусот број 27 како и на повеќе локации во населбата Лисиче.
Основна задача на нашата економска програма е решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, истакна Ден Дончев, носител на кандидатската листа за ИЕ 1.
Со граѓаните денес зборуваме за проблемите со кои се соочуваат пензионерите, за дубиозите во пензискиот фонд и за буџетската зависност.
Меѓународниот монетарен фонд неодамна предупреди на критичната состојба во која се наоѓа Пензискиот фонд, но не поради тоа што во буџетот нема пари за пензионерите, туку затоа што владата на партијата на Груевски одвојува премногу пари за непродуктивни проекти и расходи кои не се во функција на потребите на граѓаните.
Коалицијата ВМРО за Македонија ќе ги преземе сите потребни мерки Пензискиот фонд да биде стабилен, а наместо непродуктивни инвестиции, активностите да бидат насочени кон реалните потреби на граѓаните.