Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија и Ненад Новковски, поранешен министер за обрзование, денес со мобилниот тим беа пред Универзитетот „Св Кирил и Методиј„ кадешто со студентите разговараа за изборната платформа на Коалицијата ВМРО за Македонија посветена на младите.
„Сведок сум на илјадниците млади што секојдневно доаѓаат во Австралија – податоците говорат за над 20.000 доселени од Македонија во изминативе децении. Коалицијата ВМРО за Македонија им порачува на младите дека треба да веруваат дека иднината ќе биде подобра од сегашноста. Тој егзодус мора да запре. Ќе се бориме да создадеме услови не само за останување туку и за достоинствен живот, а ќе ги создадеме и сите предуслови изселените да почнат да се враќаат.
Коалицијата ВМРО за Македонија ја поддржува решителноста на високото образование низ финансирање на истражувања да биде овозможено студентите да стекнат најквалитетни знаења за да обезбедат и научен развој, а и вработувања во најразвиените индустриски фирми. Со тоа, според зборовите на Ненад Новковски, поранешен министер за обрзование, ќе ги задржиме најквалитетните кадри, а потоа и сите други млади повеќе да не заминуваат од земјава. Освен тоа, се залагаме за укинување на екстерното тестирање за високото образование, а во основното и средното истото да се спроведува без санкции“, рече Ден Дончев.
На денешните средби со граѓаните, во кои учествуваше и Стојанче Ангелов, посетени се Старата чаршија и црквата Свети Спас кадешто е положено цвеќе на гробот на Гоце Делчев, а потоа е посетен и трговскиот кварт Лептокарија.