Ден без автомобили во Пехчево

Од:

Во рамки на Европската недела на мобилност и одбележување на Светскиот ден без автомобили – 22 Септември, конвој од над сто млади ученици од Општинското основно училиште „ Ванчо Китанов “, го одбележаа овој ден со крос натпревар.

Настанот се одржа од 14:30 до 15 часот, а активностите се одвиваа на булеварот ,,Борис Кидрич“.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, Булеварот беше затворен за сообраќај и резервиран за крос-натпреварот на кој учествуваа учениците од шесто до деветто одделение.

Градоначалникот Игор Поповски го истакна значењето на овој ден, упативајќи апел до возачите да ги заменат автомобилите со велосипеди. – Ги поздравувам младите и сите граѓани кои зедоа учество во овој крос-натпревар и автомобилите за еден ден ги заменија со велосипеди или дојдоа пеш, за заеднички да ги мотивираме останатите граѓани да ги следат нашите чекори. Особено ме радува фактот што најбројни се младите, кои се помасовно ги употребуваат велосипедите, не само во градот, туку и во поширокото подрачје, рече Поповски.

Поповски упати апел и до возачите, колку што е можно почесто дневните активности да ги вршат одејќи пеш или со велосипед со што ќе се заштити здравата животна средина и амбиенталниот воздух од штетни гасови и од бучавата.

– Секој од нас со својот избор на транспорт и со мала промена на секојдневните навики може да придонесе за поквалитетна животна средина, подобро здравје и поквалитетен живот, информира градоначалникот Игор Поповски.

По повод „Европската недела на мобилност“ и Општина Берово организираше ден без автомобили. Активноста ја предводеа учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, на која се приклучија и граѓани.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он