„Ден без автомобили“ во Неготино

Од:

Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во Република Македонија и ЕУ Инфоцентарот во Скопје денеска во Неготино се спроведе активноста „Ден без автомобили“.

Настанот се одржа од 11 до 14 часот, а активностите се одвиваа на улицата „Партизанска“. Просторот пред единаесеткатницата до крстосницата со улицата „Цандо Кожинков“ беше затворена за сообраќај и резервиран за пешаци, велосипедисти и друг алтернативен транспорт.

Активностите почнаа со разгледување на поставената ликовна изложба на тема „Избери, промени, комбинирај“, а половина час подоцна свој придонес во заштитата на животната средина и користењето на алтернативните превозни средства дадоа и најмладите сограѓани во Неготино – дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“.

Од 12 до 14 часот, според програмата, ученици од основните и од средното училиште од градот, претставници на здруженија на граѓани, од Советот на млади и други заинтересирани возеа велосипед.

– Секој од нас, со својот избор на транспорт и со мала промена на секојдневните навики може да придонесе за поквалитетна животна средина, подобро здравје и поквалитетен живот, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко