Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Од:

Во врска со демантот на Уставниот суд за измените на Кривичниот законик и ставовите на Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз ги презентираат следните факти:

„Прво, на 6.9.2023 година Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување и се декриминализира кривичното дело поврзано со јавните набавки. Измените на законот беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 188/23 од 7.9.2023 година.

Второ, Павле Трајанов на 19.9.2023 година до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на измените на Кривичниот законик дали се во согласност со Уставот.

Трето, Уставниот суд досега не го информирал подносителот на иницијативата за тоа дали постапил, дали е прифатена иницијативата, дали има донесено привремена мерка итн.

Четврто, измените на Кривичниот законик се применуваа, при што голем број носители на јавни функции, кои ја злоупотребиле службената положба за кои се води кривична постапка, се ослободени, а над 200 други функционери или службени лица исто така ќе бидат ослободени“. Демократскиот сојуз и претседателот на партијата со своите ставови и иницијативата до Уставниот суд укажаа, како што потсетуваат, на штетните последици од донесувањето и примената на измените на Кривичниот законик, измени со кои се урива владеењето на правото. Ние зборуваме за суштината на иницијативата, а не за формално-правните аспекти. Нашите очекувања беа и се Уставниот суд да донесе одлука за одложување на примената на измените на Кривичниот законик и донесување одлука со која ќе ја укине нивната примена“, велат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Беким Незири и во 2010 година претепал контролор на летање, за анархијата треба одговорност

Горан Наумовски