Демократскиот сојуз го осудува насилството и бара ригорозни казни

Од:

Демократскиот сојуз најостро го осудува организираниот напад на учесниците на протестите и бараме брза реакција на службите за безбедност и полицијата. Првичните информации и објавените видеа и фотографии ги потврдуваaт сомневањата дека се работи за смислен напад и провокација со цел да се предизвикат судири од пошироки размери и потешки последици,меѓу другото и на меѓуетнички план.

Демократскиот сојуз инсистира на истрага со цел да се откријат организаторите на овој напад, каде освен со камења, столици и други предмети, најмалку две лица користеа и огнено оружје.

„Протестите се демократско право на искажување на став и револт, но насилството и напади врз полицијата се недозволени. При масовни собири и протести,секогаш има поединци,но и организирани групи, кои смислено прават инциденти. Ги повикуваме сите што протестираат да се воздржат од насилство, а кога нема формален организатор,партиите незадоволството на граѓаните да не го користат за партиски цели. Демократскиот сојуз докрај ќе ги штити националните и стратешките интереси на Македонија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Горан Наумовски