Демократскиот сојуз ги осуди протестите со насилство, повикува на разумно однесување

Од:

Демократскиот сојуз најостро ги осудува протестите со насилство, како и секојдневните напади на млади и невини граѓани.

На денешната прес – конференција лидерот Павле Трајанов, истакна дека ДС инсистира на одговорно и разумно однесување, како и превентивно дејствување на сите политички партии, невладини организации, верски заедници, медиумите и граѓаните во целина.

Протестите со насилство, смета Трајанов, не можат да бидат средство за остварување на политички, етнички или верски интереси, тоа е неприфатливо и затоа, подвлече, бараме енергични, ефективни и координирани активности и мерки од сите државни институции, вклучително и од судскиот систем.

– Организаторите на овие насилни протести се обидуваат да печалат политички поени, разгорувајќи меѓуетнички судири, со несогледливи последици по стабилноста, мирот и нормалното одвивање на животот, рече лидерот на ДС.

Демократскиот сојуз бара државните институции да ги објават организаторите на насилните протести и спрема нив да преземат законски мерки. Партијата ги повикува граѓаните да не учествуваат во протестите.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх