Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Од:

Демократскиот сојуз предлага преку измена на законите (Закон за лична карта, Закон за патни исправи и Закон за основите на безбедност на патниот сообраќај) да се продолжи рокот на важноста на личните документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), како и сообраќајните дозволи, сѐ со цел да не се блокира нормалното одвивање на животот на граѓаните и функционирањето на институциите. Во оваа насока предлагаме: личните карти да можат непречено да се користат до определениот рок на важност, нашите државјани кои се во странство патните исправи во странство да можат да ги користат до денот на важноста и да можат слободно со нив да се вратат во Македонија, како и возачките дозволи да можат да се користат во Македонија до денот на важноста, се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.

– Исто така и сообраќајните дозволи да можат во Македонија да се користат до денот на важноста, доколку не е направена промена. Воедно, препорачуваме граѓаните кои патуваат во странство да можат да извадат меѓународна возачка дозвола и истата да ја користат при патување во странство. Доколку Владата не ги прифаќа измените на овие закони што ги предлага министерот за внатрешни работи, тие можат да бидат предложени од пратеници. За овој невиден хаос мора да има одговорност од неговите креатори, посебно од Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Оливер Спасовски – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Беким Незири и во 2010 година претепал контролор на летање, за анархијата треба одговорност

Горан Наумовски