Демократскиот сојуз: Да гласаме за стабилна, силна и унитарна Македонија

Од:

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност, да излезат на гласање, да гласаат за стабилна, силна и унитарна Македонија. Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата, се вели во партиското соопштение.

„Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2). Бојкотот е антимакедонски чин и затоа повикуваме на разумно и одговорно однесување и гласање“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ