Демократскиот сојуз бара помош од Европска унија

Од:

„Демократскиот сојуз апелира до Европската унија да се вклучи во санирањето на штетите од поплавите кои ја зафатија Република Македонија.

Невремето и обилните врнежи предизвикаа огромни штети во голем број населени места (Штип, Прилеп, Битола, Радовиш, Струмица, Куманово и др.) поради што е неопходна солидарност од сите граѓани, соседните земји, како и од страна на Европската унија.

Демократскиот сојуз предлага Владата на Република Македонија да ја разгледа можноста за помош од Европската Унија и да достави официјално барање за надминување на последиците од елементарната непогода која зафати голем број подрачја во нашата држава.

Водената стихија направи огромни директни и индиректни штети, ги наруши речните корита на повеќе реки, за чие санирање можностите се ограничени од страна на буџетот на Република Македонија, поради што сметаме дека треба да се побара помош и солидарност“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава