Демократски соjуз: За долгот да одлучува Парламентот

Од:

Демократскиот сојуз поднесе предлог на измени на Законот за јавен долг, со кои се предлага, Владата на Република Македонија, преку издавање хартии од вредност, најмногу да може да ја задолжи државата 100 милиони евра за една година, со што ќе се спречи неосновано зголемување на надворешниот долг, кој треба граѓаните да го враќаат.

За долг над 100 милиони евра ќе одлучува Собранието на Република Македонија, со што ќе се обезбеди поголема одговорност но и транспарентност при носењето одлука за задолжувањето на Република Македонија, предлага ДС.

„Последното задолжување од 450 милиони евра и каматна стапка од 5,6%, без претходни анализи и консултации, како и без образложение за тоа каде ќе се трошат средствата, потенцијалот и начинот на кој ќе се враќаат и без информирање на Парламентот и јавноста, остави сомнеж дека овие средства власта ќе ги користи за клиентелизам во врска со претстојните парламентарни избори.Инаку со неконтролираното зголемување на јавниот долг се поткопува економската основа на државата и може да има огромни негативни последици по стабилноста и економскиот развој.Вкупниот надворешен долг изнесува над 50% од БДП, при што е доведено во прашање навремено сервисирање на обврските спрема странските кредитори и внатрешната финансиска стабилност“, стои во соопштението.

ДС очекува поддршка од сите пратеници но овој предлог

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократскиот сојуз: Да гласаме за стабилна, силна и унитарна Македонија

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените