Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ ги користи мигрантите како плашило

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со мигрантите, кои ниту ги има ниту ќе ги има во Македонија, претставува смислен обид повторно да се игра на емоции на граѓаните и создаде чувства на загрозеност и наводно уривање на државата.

Ваквата кампања повторно ќе не изолира и конфронтира со демократскиот свет, со невладините организации, со ООН, со медиумите од регионот и пошироко, а последиците ќе ги трпат граѓаните.

Наместо да се сее страв од мигранти кои ги нема (во Кампот во Гевгелија само 13) и кои во краен случај, само транзитираат низ Македонија, треба јавно да се зборува за нашите млади кои се “бегалци” во многу европски земји, САД и КАНАДА и да се направи сė младите да не ја напуштат татковината, а тие што заминале да се вратат.

Лажните вести за можен наплив на бегалци, како и наводно укинување на зголемувањето на пензиите, се лаги со кратки нозе и сигурни сме дека граѓаните ќе препознаат што е манипулација, а што е вистина.

Одговорност за објективно информирање на граѓаните имаме сите, но не е помала одговорноста и на медиумите“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми