Демократски сојуз: Владата нема поддршка од граѓаните

Од:

Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен, но и препознатлив блеф. ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата, блокада на реформите на судскиот систем, злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции, како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власта, велат од Демократски сојуз.

„ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика, која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без при тоа да се направат пошироки консултации.

За почеток, oд функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани, а ги загрози и европските перспективи на Македонија. Владата нема поддршка од граѓаните, ниту од мнозинството во Парламентот, поради што неопходни се избири, како демократски чин за промена на власта“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Демократски сојуз: Институциите мора да реагираат навремено и ефикасно

Демократски сојуз: Судството мора да испорачува правда, а не привилегии за моќниците

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Потезите на ДУИ се закана за стабилноста на државата

Горан Наумовски

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана