Демократски сојуз: Владата да организира евакуација на над 100 Македонци од Тел Авив

Од:

Демократскиот сојуз ја повикува Владата, посебно МНР, да направат сѐ што е потребно за да се обезбеди безбедна евакуација на над 100 македонски државјани на Аеродромот во Тел Авив.

Блокираните граѓани во Тел Авив прават очајнички напори да го напуштат Тел Авив, но авиокомпаниите кои имаат летови од Тел Авив приоритет даваат на нивните државјани.

Во Израел е прогласена воена состојба и ракетните напади на Тел Авив се постојани поради што состојбата е исклучително тешка и бара ангажирање на Владата за да се евакуираат нашите државјани.

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“