Демократски сојуз: Промените во МВР, партискиот универзитет значат подготовки за нерамноправен изборен натпревар

Од:

Демократскиот сојуз повикува разговорите помеѓу политичките партии за излез од севкупната криза да бидат транспарентни и истите да се забрзаат, а во решенијата да се вклучат предлозите од Демократскиот сојуз и граѓанските асоцијации.

Се поголема е загриженоста на граѓаните за иднината и перспективите на државата, како и разочараноста од состојба на статус кво.

Демократскиот сојуз и граѓаните, пошироката јавност и медиумите, немаат елементарни податоци за предлозите како да се среди избирачкиот список, кои се предлозите за реформи во медиумите и сл., туку само парцијални и наменски изјави од претставници на партиите вклучени во преговорите.

Инаку во времето на “замрзнување” на учеството во работата на Парламентот на опозицијата, се случуваат крупни промени на штета на државните интереси. Така, се вршат системски промени во МВР, се отвора нов партиски Универзитет, се носи ребаланс на Буџетот во функција на клиентелизамот за изборите и многу други проекти кои значат подготовки за нерамноправен изборен натпревар.

ДС бара сите партии да се вклучат во аргументирана расправа и анимирање на медиумите и граѓанскиот сектор, со цел да се спречи донесување на акти кои ќе имаат долгорочни штетни последици за Македонија, владеење на правото и демократијата, реагираат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократскиот сојуз: Да гласаме за стабилна, силна и унитарна Македонија

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените