Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Од:

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, Денот на полицијата и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи. Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори, велат од партијата.

– Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн). Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари. Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да гласаме за стабилна, силна и унитарна Македонија

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ