Демократски сојуз: Парализа на државата

Од:

Мега скандалот “РЕКЕТ” во кој се инволвирани политичари, обвинители, судии, бизнисмени, новинари и други криминалци, ја парализираа државата и целокупниот правен систем, велат од Демократски сојуз преку соопштение.

„Парламентот е на одмор, а мораше досега да одржи вонредна седница и да расправа за состојбите во Специјалното јавно обвинителство, да ја разреши Катица Јанева и да донесе законски решенија со кои СЈО ќе продолжи со работа во состав на Јавното обвинителство, со висок степен на самостојност, но и контролни механизми над неговата работа.

Владата мораше да заседава и да побара од МВР, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Агенцијата за национална безбедност (или сеуште УБК) во соработка со Jавното обвинителство, да спроведат темелна истрага и сите вклучени во овој криминал да ги изведат пред лицето на правдата.

Во услови кога државата ја тресе катаклизмички криминално политички земјотрес, не дозволиво е “сите” надлежни да се на одмор.

Со “одморот” се даде реална можност да се ништат докази, да се влијае на сведоци, парите од уцени да се дислоцираат во странство, а Македонија да се прогласува за мафијашка држава.

Овој скандал покажа дека се разнишани темелите на државата и за тоа мора да има и политичка и кривична одговорност, но и системски промени за демонтажа на еднопартискиот систем.

Необјасниво е и неодговорно, Власта да повикува на темелна и продлабочена истрага (како да е опозиција), а конкретно да не презема ништо и да дозволи медиумите да ја “водат” истрагата.

Демократскиот сојуз бара мобилизација и активирање на имунолошкиот систем на државата и секој да понесе дел од одговорноста за состојбите се додека е можно тоа.

Граѓаните бараат акција и резултати.

Доста ни е од прес конференции, непродуктивни политички надмудрувања и јалови коментари и анализи.

Криминалот не може и не смее да биде вредносна категорија, туку зло со кое мораме да се справиме.“, се наведува во соопштението на државата.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара ограничен мандат за судиите и посебен закон за борба против високата корупција

Демократски Сојуз: Бегството на Михаилова бара итна истрага и одговорност

Горан Наумовски

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Демократски сојуз: Институциите мора да реагираат навремено и ефикасно

Демократски сојуз: Судството мора да испорачува правда, а не привилегии за моќниците

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Потезите на ДУИ се закана за стабилноста на државата

Горан Наумовски