Демократски сојуз: Нова влада за стабилна Македонија

Од:

„Во време кога високиот дипломат на САД, Хојт Ји, прави сериозни напори, на уставен, мирен и демократски начин Македонија да излезе од кризата и да се избере нова Влада, одговорноста е сепак на македонските политичари и медиумите.

Македонија крвари од стравот и непромислените постапки на државно политичкиот врв, посебно од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој и натаму не се откажува од налудничавото сценарио за рушење на Македонската држава, за да ја избегне политичката и кривичната одвоворност за злоделата што ги направи спрема сопствениот народ и држава.

За насилничкото и крвничко однесување во Парламентот, одговорноста мора да се бара кај Никола Груевски и неговите соработници, како и кај провладините медиуми кои веќе три години манипулираат со чувствата на граѓаните, поттикнуваат меѓунационална омраза, анaтемисувајќи ги сите други дека се предавници и криејќи се зад флоскулата “народот одлучува”.

Демократскиот сојуз е цврсто убеден дека наш врвен национален и државен интерес е да се формира Влада за да се смират состојбите и започне процес на спроведување на реформи за владеење на правото и еднаква примена на законите спрема сите“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма