Демократски сојуз: Наместо замајување со уставни промени, една изборна единица и предвремени избори

Од:

Демократскиот сојуз алармира дека последните корупциски скандали за кои јавно предупредуваат и странски дипломати, сведочат за колапс на државата во целина и на институциите, кој е резултат на високиот степен на криминализација и партизација.

– За седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спроведе ниту една коренита и системска реформа, а целосно ја блокира работата на МВР, АНБ, АР, Финансиската полиција, УЈП и Финансиското разузнавање. Деновиве тој хаос излезе на површина, со меѓусебни обвинувања, напади, а резултатот е се да остане и да се одвива како и досега. Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети, наместо да ја замајува јавноста со уставни промени како божемен круцијален предуслов за почнување на преговорите со ЕУ, иако е јасно дека без реформи нема евроинтеграција, да го донесе законот за Македонија да биде една изборна единица и да се оди на предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Демократски сојуз: Институциите мора да реагираат навремено и ефикасно

Демократски сојуз: Судството мора да испорачува правда, а не привилегии за моќниците

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Потезите на ДУИ се закана за стабилноста на државата

Горан Наумовски

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана