Демократски сојуз: Комисијата да не преговара за историски прашања поврзани со Охридската Архиепископија

Од:

Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата Македонско-Бугарска Комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

„Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство.

Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание“, велат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Горан Наумовски