Демократски сојуз го поздрави намалувањето на казните за прекршоци

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

Со овие предлози на Владата на Република Македонија, во голема мерка ќе се намали партиското влијание и клиентелизамот, ќе јакне превенцијата, а со тоа и почитувањето на законите.

Демократскиот сојуз ја актуализира потребата и од намалување на судските такси, кои се многу високи и зависно од вредноста на спорот, тужителот треба да плати такса од 480 до 48.000 денари, без трошоците за нотар, вештачење и адвокат.

Доколку се жали на одлуката или бара ревизија, износот двојно се зголемува.

Демократскиот сојуз смета дека со намалување на паричните казни, суските (такси) и нотарските трошоци, се создаваат реални основи за усогласување на казнената политика со реалните состојби во државата и финансиските можности на граѓаните и фирмите.“ се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократскиот сојуз: Да гласаме за стабилна, силна и унитарна Македонија

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените