Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Од:

Деновиве сме сведоци на засилен меѓународен притисок поврзан со уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот како конститутивен народ. Овој притисок е инициран и координиран од највисоките претставници на власта сметајќи дека на тој начин ќе обезбедат поддршка од граѓаните велат од Демократски сојуз.

– Демократскиот сојуз смета дека колку се зголемува притисокот, двојно повеќе се зголемува отпорот кај граѓаните за уставни промени под диктат на Бугарија и без реципроцитет и избалансиран притисок врз Софија за признавање на основните права на Македонците во Бугарија на здружување и негување на културните, јазичните и другите особености. Демократскиот сојуз ги повикува претседателот на државата, премиерот и министрите за надворешни работи и евроинтеграции директно, но и преку ЕУ и стратешкиот партнер САД, да бараат еднакви права за Македонците во Бугарија како и за Бугарите во Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија

Демократски сојуз: Владата да реагира на грубото мешање на Бугарија во пописот во Албанија

Демократски сојуз: Нарушување на екосистемот е злосторство против природата и човештвото

Демократски сојуз: Криминално водство на државата не може да биде кредибилен фактор пред странците ,а уште помалку да ги штити националните и државните интереси

Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари

Демократски сојуз: МНР ја компромитира државата