Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Од:

Деновиве сме сведоци на засилен меѓународен притисок поврзан со уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот како конститутивен народ. Овој притисок е инициран и координиран од највисоките претставници на власта сметајќи дека на тој начин ќе обезбедат поддршка од граѓаните велат од Демократски сојуз.

– Демократскиот сојуз смета дека колку се зголемува притисокот, двојно повеќе се зголемува отпорот кај граѓаните за уставни промени под диктат на Бугарија и без реципроцитет и избалансиран притисок врз Софија за признавање на основните права на Македонците во Бугарија на здружување и негување на културните, јазичните и другите особености. Демократскиот сојуз ги повикува претседателот на државата, премиерот и министрите за надворешни работи и евроинтеграции директно, но и преку ЕУ и стратешкиот партнер САД, да бараат еднакви права за Македонците во Бугарија како и за Бугарите во Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија