Демократски сојуз: Да се укинат привилегиите на поранешните претседатели

Од:

Демократскиот сојуз досега неколкупати иницираше постапка за укинување на правата на Претседателот и неговото семејство по престанокот на функцијата, но Парламентот тие иницијативи не ги прифаќаше информираат од партијата.

– Со Законот за правата на Претседателот по престанокот на функцијата, покрај другото се предвидуваат следните привилегии: пензија во износ на платата што ја примал како претседател, канцеларии, тројца вработени, обезбедување, службен автомобил и возач, како и буџет од над 30.000 евра годишно. Освен семејството на починатиот поранешен претседател Борис Трајковски, кое оправдано користи само дел од правата, во целост ги користат сите права поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.
велат од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз смета дека без потреба се трошат огромни средства, бидејќи поранешните претседатели не извршуваат никакви активности, ниту им е загрозена личната безбедност, ниту пак нивната поранешна функција имала битно влијание во државата.

Партијата го повикува Уставниот суд по службена должност да иницира постапка за укинување на привилегиите на Претседателот на Македонија по престанокот на функцијата.

Од партијата велат дека имаат подготвено измени на законот и истите повторно ќе ги достават до Парламентот.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх

Трајанов го поднесе законот за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но со гласање на дијаспората