Демократски сојуз: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ

Од:

После неколку мега афери во М-НАВ, денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање. За да се спречат можни катастрофални последици, бараме Владата, да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ, се вели во реакцијата на Демократски сојуз.

„Го повикуваме раководството на МВР, да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање. Со ваков криминал, нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде, уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Тасевски: Синдикатот на контролорите на летање има право и овластување да организира штрајк

Забраната за штрајк е законска, лидерот на синдикатот се одмазудва, вели адвокатот на М-НАВ

Контролорите на летање нема да штрајкуваат, ќе се жалат на времената мерка од судот

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Катерина Ѓуровски