Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Од:

Демократскиот сојуз предлага Владата да предложи измена на законите со кои ќе се продолжи рокот за замена на личните документи (лични карти, возачки дозволи и пасоши) до крајот на оваа гoдина.

„Замената на лични документи е согласно Договорот потпишан во Преспа, помеѓу Македонија и Грција, но повеќе од јасно е дека нема технички можности, како и доволен кадровски потенцијал, за до почетокот на февруари, да се заврши оваа операција. Овој состав на Владата или Техничката Влада, треба да ги подготви законските измени, по што Парламентот по итна постапка да ги донесе. Евентуалните отворени прашања со Грција треба дa се разрешат по дипломатски пат. Пред шалтерите на МВР се создаваат огромни и неподносливи гужви, каде граѓаните чекаат во колони и по два дена за замена на документите“, се вели во партиската рекација.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Беким Незири и во 2010 година претепал контролор на летање, за анархијата треба одговорност

Горан Наумовски