Демократски сојуз: Да се опстои на реформите

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека најавата за „чиста“ покана за полноправно членство во НАТО на Република Македонија, како и одлуката на Советот на министри на земјите членки на ЕУ, за можно започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ, се силен поттик да се опстои на реформите, посебно во судскиот систем, тајните служби и администрацијата.

Борбата против организираниот криминал и корупцијата мора да биде робусна и неселективна, при што, задолжително да се конфискува нелегално стекнатиот капитал и изрекува заштитна мерка – забрана на политичко дејствување.

За да успееме на евроатланскиот пат, треба полека да се гради национално единство и одговорно однесување од сите субјекти, посебно од политичките партии, без разлика дали се од позиција или опозиција.

Во овој процес ќе има и периоди на стагнација и некои од државите членки на ЕУ или НАТО да им дадат приоритет на нивните национални интереси, како што е актуелната ситуација со Франција и некои други држави.

Како и да е, со сите колебања и одлагања, за Македонија се отвораат реални перспективи и сите ние треба да направиме се, за процесите да се одвиваат со зголемена динамика“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа